Приватната колекција на францускиот моден дизајнер Ибер де Живанши е продадена на аукција во Париз за повеќе од 114 милиони евра, што е двојно повеќе од проценетата сума, објави аукциската куќа Кристи, која го организираше настанот.
Клучните 800 лотови составени од уметнички дела – слики и скулптури, како и исклучителен мебел од 18 век, беа продадени на аукција организирана од 14 до 17 јуни.
Две онлајн продажби, кои вклучуваат уште 478 групи артикли, се одржуваат онлајн и завршуваат во четврток.
Предметите понудени на физичката аукција се продадени за вкупно 114,4 милиони евра, што е двојно повеќе од проценката од 50 милиони. Поставени се нови рекорди кога е во прашање продажбата на антички мебел од германскиот мајстор Дејвид Рентген.
„The Walking Woman“, скулптурата на Алберт Џакомети, продадена за 27 милиони евра и е најскапото уметничко дело продадено во Франција од почетокот на годината, а воедно и рекордна сума за делата од надреалистичкиот период на таа уметник.Меѓу продадените уметнички дела се и дела од Миро и Пикасо.
На аукцијата учествуваа купувачи од целиот свет, од кои 57 отсто од Европа и Блискиот Исток, 30 отсто од американскиот континент и 12 отсто од Азија.