По извршен претрес во угостителски објект и плац за стари возила, полицијата во Тетово вчера приведе шест лица, кај кои била пронајдена дрога. При претресот, реализиран со судска наредба, на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.
„Приведените се задржани во полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопштија од МВР.
Вчера, полицијата соопшти и за акција во угостителски објекти низ Скопје, во која, осуммина биле уапсени за поседување дрога.