More

    Претставниците на СОНК и на МОН закажаа нова средба

    spot_img

    Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска во седиштето на Синдикатот одржаа уште една средба  за преговори за повисоки плати и за колективните договори во основните и средните училишта во рамки на новиот десетдневен рок за усогласување на отворените прашања со посредство на помирувачи.

    По двочасовната средба не беа соопштени детали од средбата, а нов состанок меѓу претставниците на СОНК и на МОН ќе се одржи в петок.

    Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img