More

    Претседателот Пендаровски прими делегација од турскиот Државен универзитет „18 Март“ во Чанаккале

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски, прими делегација од Државниот универзитет „18 Март“, во Чанаккале, Република Туркије, предводена од ректорот Седат Мурат.

    На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за соработката која Универзитетот во Чанаккале ја остварува со институциите во Северна Македонија, како и за идеите и можностите за размена на искуства во контекст на образовните политики, проширување на соработката во полето на културата, младите и спортот преку заеднички активности и проекти.

    Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија има воспоставено одлична соработка со Република Туркије во областа на образованието и културата, и изрази поддршка на сите позитивни иницијативи кои придонесуваат за продлабочување и зацврстување на билатералните односи и пријателските врски меѓу двата народа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img