Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот заминал на еднонеделен одмор на Карибите со неговата сопруга, Џил, објави Белата куќа. Веста ги разгневи Американците кои смрзнуваат во големата снежна бура, наречена „арктичка“, а во која веќе 63 лица ги загубија животите.
Времето кое Бајден го избрал да патува веќе се покажува проблематично меѓу неговите најжестоки критичари, пишува Њузвик, „особено за претседател кој веќе беше под лупа на вашингтонскиот печат поради неговите чести патувања далеку од Вашингтон“.
Претходникот на Бајден, претседателот Доналд Трамп, често го напушташе Вашингтон за празниците во неговиот дом во Мар-а-Лаго во Флорида на југот на САД, а пред него, претседателот Барак Обама го поминуваше Божиќ во викендичката на неговото семејство во Каилуа, Хаваи.