More

    Препорака до украинските бегалци дури напролет да се вратат во земјата

    spot_img

    Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека бегалците не треба да се враќаат во земјата до следната пролет за да не се зголемува притисокот врз енергетскиот систем по руските напади врз енергетската инфраструктура.

    – Енергетската мрежа тоа нема да може да го поднесе. Гледате што прави Русија. Мораме да ја преживееме зимата – изјави Верешчук, пренесена од Би-би-си.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека руските воздушни напади уништиле повеќе од една третина од енергетскиот сектор во земјата.

    Верешчук додаде дека е важно луѓето од Украина засега да се воздржат од враќањето во земјата бидејќи „ситуацијата само ќе се влоши”.

    – Ако е можно, засега останете во странство – додаде таа.

    Украинската економија е тешко погодена од војната, а Зеленски го повика светот итно да помогне за да се покрие очекуваниот буџетски дефицит што следната година ќе изнесува 37 милијарди евра.

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека на Украина секој месец ќе и требаат три милијарди евра за да ја преживее следната година и пет милијарди евра доколку Москва ги засили нападите.

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, Агенцијата за бегалци на ОН регистрира дека, од вкупното население од 44 милиони Украинци, околу 7,7 милиони лица ја напуштиле земјата и се раселиле низ Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img