More

    Премиерот ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ и за палењето на вратата

    spot_img

    Најголема поддршка за бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

    – Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО- ДПМНЕ којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов. Протестите во Битола беа против Ванчо Михајлов. Така што, не треба поддршка од Бугарија да доаѓа, поддршка дојде од тука од претседателот на најголемата опозициска партија. Исто како што претпоставувам дека и отворањето дошло од таа партија и сето она што се случуваше при палењето на вратите итн. дека дошло од таа партија – рече Ковачевски.

    Во однос на прашањето за прегледот на законот за здруженија и фондации од Венецијанската комисија, тој вели дека „ние сме држава која што има изградено висок демократски капацитет во заштита на човековите права. Кај нас секој граѓанин да се организира слободно, во невладино здружение или во било кој друг вид на здружување согласно законите.

    – За мене воопшто не е спорно нашите закони да бидат проверени од европски институции особено имајќи го предвид фактот што ние веќе го започнавме оваа недела билатералниот скрининг со ЕУ. Нашето законодавство и спроведувањето на законодавството ќе биде во детали разгледано од ЕУ како дел од преговарачкиот процес и таму ќе бидат дадени одредени насоки од ЕУ. И повторувам уште еднаш, јас бев тој кој смета дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани во државата и уште стојам на тој став дека треба да се изработи став од Министерството за правда во кој ќе учествуваат сите политички партии, експерти и како основа ќе се земе германското законодавство – рече Ковачевски.

    Тој додаде дека Министерството за правда е задолжено за односи со Венецијанската комисија.

    – Ние на седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на законот за здруженија на граѓани кој беше донесен едногласно од сите пратеници. Откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи разгледување на тој закон, тогаш можеме да донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа дека нашите пратеници едногласно го донеле, тој закон ќе се применува во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер при почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Северна Македонија, бугарските носат закони за Бугарија – додаде премиерот.

    Тој додаде дека 45% од нашето законодавство е усогласено со законодавството на ЕУ и дека останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено целосното законодавство на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img