Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.
Протестниот марш ќе биде од Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.
Протестите се одржуваа секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп, а не се одржа и во саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Утре протестот ќе се одржи во 12 часот, пред почетокот на собраниската седница, на која ќе се расправа за Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка.