Српската претставничка на Евровизија оваа година, Ана Ѓуриќ Констракта, не престанува да постигнува успеси. Покрај одличниот оддек на песната „In corpore sano“, и големата популарност што ја ужива, сега постои можност таа да биде номинирана и за една од најпрестижните музички награди – Греми!
Доколку тоа се случи, Ана би била првата Србинка која некогаш била номинирана за оваа престижна награда.
Како што објави на својот инстаграм-профил, таа во моментов е во трка за номинација за наградата Греми во категоријата најдобар нов изведувач. Таа треба да добие доволно онлајн гласови за да биде номинирана.
Инаку, првиот круг на гласање е во тек, а 65. Греми награди ќе се одржат во февруари.
За да се квалификува за Греми, албумот мора да содржи повеќе од 75 отсто од времето за репродукција на новоснимени (во рок од пет години од датумот на објавување) песни, кои никогаш претходно не биле објавени.