More

    Пратениците на СДСМ и на ДУИ нема да дебатираат

    spot_img

    Малку е веројатно 81 седница на македонското собрание, на која се разгледува Информацијата за преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, по предлогот на француското претседателство со ЕУ, да заврши во текот на денешниот ден.

    Според информациите од опозицијата, денешната расправа се очекува да биде прекината во попладневите часови, па седницата да биде продолжена утре. Истиот извор брифира дека власта се подготвува Информацијата во Парламентот да биде прифатена во глуво доба од ноќта, односно по полноќ, со претпоставка дека најголемиот дел од насобраните граѓани пред собраниската зграда веќе ќе бидат заминати, па на тој начин ќе се избегне радикализација на протестот.

    Според најавите од собраниската прес-служба, седницата денеска ќе продолжи во 11 часот. Пратениците од опозициските партии кои се противат на т.н. француски предлог, речиси без исклучок, сите се пријавени да говорат од говорницата. Од СДСМ и од ДУИ ниту еден пратеник не е пријавен за дебата, а од владејачкото мнозинство само Павле Трајанов од Демократски сојуз и Љупчо Балковски од ВМРО-НП ќе го искористат правото за да го кажат своето мислење околу предлогот. Трајанов пред два дена најави дека на пратениците ќе им ги предложи своите нацрт-предлози, со цел да се обезбеди консензус во Парламентот.

    За прифаќањето на Информацијата проследена до Собранието, потребно е просто мнозинство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img