More

    Пратениците имаат мандат за уставни измени, тврди премиерот

    spot_img

    Пратениците имаат мандат од граѓаните да одлучуваат и работат согласно Устав, Закон и Деловник. Граѓаните на денот на изборите им го предаваат тоа право, обврска и одговорност на пратениците и се што е во рамки на Уставот и законите пратениците го работат, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

    – Видов одговор пред некое време, вели пратениците немале мандат за уставни измени, тоа не е така. Пратениците добиваат мандат од граѓаните и работат согласно Устав, Закон и Деловник за и носат одлуки кои што според Устав, Деловник и Закон и тоа е улогата на секој пратеник, бидејќи граѓаните на денот на избори им го предаваат тоа право, обврска и одговорност на пратениците. И се што е во рамки на Уставот, на Законот и Деловникот тоа пратениците го работат. Така било, така е и така ќе биде и во иднина, согласно нашиот Устав – рече Ковачевски.

    Премиерот Ковачевски додаде дека во Програмата на Владата стои членството во ЕУ што подразбира носење одлуки за зачленување во Унијата и праша каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои фрлање молотови коктели врз Собранието?

    – Ако ја погледнете програмата на Владата којашто е составена од страна на сите коалициони партнери, и кои што го имаат и парламентарното мнозинство во Собранието, таму стои придружување и зачленување во Европската унија. Тоа значи носење одлуки за зачленување во Европската унија.  А каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе фрлаат молотови коктели и ќе прават насилни протести во Скопје кога ќе дојде европски предлог, како што беше во јули? Каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе ги блокираат сите закони во Собранието до ниво да не се одобрува финансиска помош во време на најголема светска економска и енергетска криза. Каде стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја блокираат демократската работа на Собранието со вувузели со викање и со навреди? Тоа никаде не стои во програмата а го прават – рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

    Уставните измени се една од одлуките коишто Северна Македонија треба да ги донесе до полноправното членство во ЕУ. И тоа не е процес од еден ден и не е процес кој се повторува, процесот на пристапување е единствен процес и се прави еднаш и еднаш се влегува во ЕУ, додаде тој.

    Обврска на сите пратеници во Собранието, на сите 120 е да го поддржат и да не го стопираат патот на зачленување во ЕУ бидејќи тоа значи градење на попросперитетна и поразвиена Северна Македонија.

    – Од тие причини и врз основа на тие претпоставки тоа не е ниту процес на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту процес на една Влада. Тоа е  широк општествен и политички процес којшто бара консензус.  Кога други држави пристапувале во ЕУ сите потврдуваат, земете го примерот на Хрватска, таму темата на пристапување не била тема на политичка дебата и на политички уцени. Бидејќи ние во моментов во државата имаме политичка уцена, бидејќи една политичка партија, две политички партии практично каде што лидер е партијата Левица и нивниот приврзок ВМРО-ДПМНЕ велат ние не поддржуваме уставни измени. Зошто?! И нема причина, бидејќи нема алтернатива – рече премиерот во одговор на новинарско прашање за време на неговата денешна работа посета на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

    Тој, и во интервју за српскиот весник „Политика“ вели дека обидите да се наштети на проширувањето на ЕУ, се обиди против стабилноста на регионот и Европа.

    – Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи со Република Бугарија, во духот на европските вредности, преку меѓусебно почитување и политики на разбирање на другиот. Затоа што, во официјалните односи и политики, па и меѓу граѓаните на двете држави има – и меѓусесебо разбирање – и почитување. Верувам дека ќе успееме да се издигнеме над сите обиди од трети страни, кои имаат свои инсталации во двете држави и за туѓи интереси се обидуваат да наштетат на нашите билатерални односи. И ќе одам чекор понатаму и ќе оценам дека се тоа обиди насочени и против единството, стабилноста и безбедноста во Европа, што треба да ги обезбеди натамошното проширување на Унијата. Верувам во дијалогот како начин за решавање на кое било прашање, верувам во капацитетите на Северна Македонија, на Србија и гледам можности за натамошен развој на европските интеграции и на нашите држави и на целиот Западен Балкан – рече Ковачевски.

    Премиерот истакна дека ги осудува сите оние што шират немир и провоцираат со цел да се нарушат односите со Бугарија.

    – Секогаш сум осудувал и ќе осудувам насилство од било каков вид. Сите треба да бидеме достоинствени во однесувањето во нашата држава и на ист таков начин очекуваме сите странски државјани да се однесуваат кога доаѓаат кај нас, порача Ковачевски, додавајќи дека како држава имаме изградено институционални, законски и процедурални механизми за заштита на малцинските права на највисоко нив во Европа.

    Ги осудувам, посочи тој, сите кои шират немир и прават провокации со цел да се нарушат односите со источниот сосед.

    – Институциите треба да постапуваат согласно закон за сите оние кои ги шират провокациите и сакаат да ги нарушат односите во државата и помеѓу државите во регионот. Тоа се однесува на наши граѓани, но и на граѓани од странство кои сакаат да дојдат во државата и да го прават тоа без разлика од која држава доаѓаат – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img