More

    Поштарите најавија генерален штрајк за повисоки плати

    spot_img

    Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта денеска најавија дека на 14 април  ќе стапат во генерален штрајк на работните места и простории кај работодавачот, доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3000 денари.

    Како што соопштија, тие оваа одлука ја донеле ма лрајот на минатиот месец, како резултат на неуспешниот трипартитен дијалог помеѓу Управниот одбор на Пошта на С Македонија, Владата и Синдикалните организации на Пошта на СМакедонија.

    „Причините за започнување на генерален штрајк се однесуваат на загриженоста кај над 2200 вработени за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, незадоволството од нереализирање на барањето за линерно покачување на нето платите на вработените во висина од 3.000 денари кои не се покачени повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа, незадоволство на вработените од постоечката систематизација и нереализирање на дел од барањата на вработените и синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15 октомври минатата година“ стои во соопштението.

    Оттаму појаснуваат дека поради почитување на законските одредби за времетраењето на постапката за помирување, штрајкот ќе биде во мирување до нејзиното завршување.

    „Доколку не успеме да ги решиме заемните проблеми на мирен начин со помирувањето, Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија започнуваат со генерален штрајк на 14 април со почеток во 8 часот“, појаснија синдикатите.

    Штрајкот ќе се одвива на работните места и простории кај работодавачот.

    „Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата на штрајкувачите, односно до склучување на спогодба. Работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно Законот за поштенски услуги член 49 и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата на Синдикатите од страна на АД Пошта на Северна Македонија“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img