Мајката на музичарот Аки Рахимовски, Ана, утрово почина во Скопје. Веста на Фејсбук ја објави нивната кума од Скопје, новинарката Мирјана Василева, којаб напиша дека Ана сега конечно е крај својот син, кој почина на 22 јануари годинава во Словенија.
„Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир“, напиша Василева.
Таа за „Женски магазин“ раскажа дека Ана починала во домот за стари лица каде што претсојувала последниот период од својот живот, и до самиот крај не знаела дека нејзиниот син починал пред неа.