More

    Почина легендарната пејачка и композиторка на „Флитвуд Мек“

    spot_img

    Kристин Мекви, пејачка, клавијатуристка и композиторка на „Флитвуд Мек“, која ги напиша некои од најпознатите хитови на групата, почина на 79 години, соопшти нејзиното семејство. Кристин починала мирно во болница опкружена со семејството.

    – Сакаме сите да ја запаметат Кристин и да се сеќавааат на неверојатно човечко суштество и величествена музичарка која ја сакаше целиот свет – пишува во соопштението на семејството.

    Британската кантавторка беше заслужна за хитовите како „Little Lies“, „Everywhere“, „Don’t Stop“, „Say You Love Me“ и „Songbird“.

    Родена како Кристин Перфект, таа ѝ се придружи на групата во 1971 откако се омажи за нејзиниот басист Џон Мекви. Дел од „Флитвуд Мек“ беше до 1998, па се врати во 2014.

    И покрај својата турбулентна историја, „Флитвуд Мек“ беше една од најуспешните рок групи во 1970-ите и 1980-ите, а Мекви сними 12 студиски албуми со неа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img