More

    Потрагата по исчезнатиот Киро Пупуноски (64) во Крушевско, кој страда од деменција, и исчезна во четвртокот, сè уште не дава никакви резултати

    spot_img

    Потрагата по исчезнатиот Киро Пупуноски (64) во Крушевско, кој страда од деменција, и исчезна во четвртокот, сè уште не дава никакви резултати. Центарот за управување со кризи информира дека потрагата ќе продолжи и утре, овојпат кон поодалечени шумски појаси.

    Оттаму велат дека регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.

    „Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваа 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 пожарникари од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно се пребаруваа сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали). Екипите од МВР и ТППЕ Крушево се повлекоа во 15:30 часот, а Армијата се повлече во 17:00 часот“ – информира ЦУК.

    Како што информираше семејството, лицето боледувало од деменција, носело очила, а на денот на исчезнувањето било облечено во црна блуза и црни тренерки со бели линии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img