Во Италија поради лоши временски услови потона јахта долга 40 метри.
Италијанската крајбрежна стража спаси девет лица од бродот, четворица патници и пет членови на екипажот.
Несреќата се случила во Средоземното Море, во близина на градот Катанзаро, потврди италијанската крајбрежна стража.