Заклучно со 28 јули 2022 година, во Грција се потврдени вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници, 12 повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Сите потврдени случаи се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.
Од ЕОДИ соопштија дека пациентите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.
Додаваат дека во Европа, до 26 јули 2022 година, се регистрирани 13.043 случаи на мајмунски сипаници во 37 различни земји.
Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.