More

    Постхумно објавена книгата „Таленти“

    spot_img

    Излезе од печат „Таленти“ книга со колумни на Ристо Поповски, едно од најпознатите новинарски имиња во Македонија, во издание на „Силсонс“ од Скопје.

    Приредувач на книгата е сопругата на Ристо Поповски (1945-2018), театарската критичарка Лилјана Мазова, која финансиски го поддржа изданието во спомен на нејзиниот сопруг.

    Книгата содржи повеќе од 40 колумни објавувани во периодот од 2011 до 201година, што претставува само дел од огромниот творечки опус на новинарот Поповски. Покрај колумните, во книгата е поместено интервју со Ристо Поповски, како претседател на Отворениот програмски совет на Цивил-медија, како и повеќе обраќања на познати новинари, писатели, актери – негови соработници и пријатели кои пишуваат за неговата исклучителна личност.

    Поповски е основач на првата приватна новинска агенција на Балканот – „Макфакс“ и еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Познат е како голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права.

    Новинарската кариера ја почнал во Радио Скопје каде работел од 1965 до 1974 година, а потоа продолжил во новинската агенција Танјуг, прво како новинар, а потоа и како шеф на македонската редакција. Бил дописник на Танјуг и од Москва (тогашен Советски сојуз) на почетокот на 90-те години од минатиот век. Кон крајот на 1992 година ја основал независната новинска агенција „Макфакс“. Поповски пишуваше за повеќе македонски медиуми, а редовно објавуваше коментари и за информативната мрежа „Ал Џезаира“.

    Добитник е на наградата за животно дело „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија. Поповски е познат по својата скромност, добрина и солидарност.

    Книгата „Таленти“ на Ристо Поповски е достапна во сите книжарници на „Матица“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img