More

    Постигна 156 гола, цел му е да го сруши Кавани

    spot_img

    Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе постигна два гола синоќа на натпреварот од 26. коло на францускиот шампионат против Сент Етјен (3:1). За 23-годишниот Французин ова беа 155. и 156-от гол за парижаните по што стана втор стрелец на клубот израмнувајќи се со Златан Ибрахимовиќ. Единсон Кавани е на првото место со 200 гола.

    Мбапе оваа сезона одигра 33 натпревари за Пари Сен-Жермен, постигнувајќи 22 гола и 16 асистенции.

    Тој вели дека ќе се обиде да го надмине Кавани на листата на најдобри стрелци.

    – Ги знаеме заслугите на Ибра, тој е симбол на клубот. Но, Кавани е напред, да видиме што ќе биде понатаму. Ако нема проблеми, ќе се обидам да го претекнам. Титулата најдобар стрелец во историјата на ПСЖ не може да се занемари – изјави Мбапе за „L’Equipe“.

    Неизвесно е дали Мбапе ќе го достигне Кавани, бидејќи беше објавено дека по завршување на сезоната фудбалерот ќе го напушти ПСЖ и ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img