More

    Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер илегално упаднал во нејзиниот имот пред венчавката на пејачката со Сем Ашгари

    spot_img

    Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер илегално упаднал во нејзиниот имот пред венчавката на пејачката со Сем Ашгари, а тој го измамил обезбедувањето со изговор дека пејачката го поканила.

    Целиот упад Џејсон го снимил на Инстаграм, а додека ја барал пејачката успеал да стигне до нејзината спална соба каде таа се подготвувала и која, за среќа, била заклучена.

    Обезбедувањето на Бритни се обидело да го избрка и повикало полиција, а само неколку дена подоцна сите до еден добиле отказ.

     

    На Џејсон му е одреден притвор со кауција од 100.000 долари во очекување на судењето, а сега еден од припадниците на обезбедувањето, кој ќе се појави како сведок, откри што се случувало.

    „Имаше нож со себе и стигна до нејзината спална соба“, рекол тој.

    Отпуштениот член на обезбедувањето рекол и дека Џејсон „се шмугнал на имотот“ и дека тој и неговите колеги успеале да го задржат до доаѓањето на полицијата која го уапсила.

    Александар се изјаснил дека не е виновен ниту за прогонување ниту вандализам ниту за упад на имот, додека другиот сведок, детектив од канцеларијата на шерифот на округот Вентура, рекол дека „Александар се однесувал морничаво по апсењето“.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img