НБА аналитичарот Бил Симонс, откри дека поранешниот американски претседател Барак Обама заинтересиран за купување на Феникс Санс.
– Слушнав дека Обама е вклучен во една од тие групи, а тој е човек за кој мислам дека богатите би сакале да имаат лице пред нив – рекол Симонс.
Барак Обама е љубител на спортот, а често е присутен на кошаркарските натпревари во NCAA или Чикаго Булс, чиј фан е.
Се шпекулира дека цената на Феникс Санс би можела да биде најмалку четири милијарди долари, а меѓу потенцијалните купувачи се и еден од најбогатите луѓе во светот и сопственикот на Амазон Џеф Безос, неговата поранешна сопруга Мекензи Скот, како и основачот на Oracle Лари Елисон.