„Не ме осудувајте. Знам дека е навистина неуредно. Имам кутии за чевли во кујната, но тоа не е невообичаено за жителите на Њујорк“, рекла во видеото на ТикТок поранешната девојка на раперот Канје Вест (45), актерката и манекенка Џулија Фокс (32). Џулија одлучила да сподели видео од својот стан со своите следбеници и да им покаже каде живее со својот двегодишен син Валентин.
Турата низ станот актерката ја започнала во спалната соба, всушност во дневната соба, која морала да ја пренамени во игротека за нејзиниот син. Креветот во собата не бил наместен, а играчките биле насекаде, но изгледа дека Џулија сакала да долови еден нормален ден во кој не е сè „наместено“.
Поранешната девојка на славниот рапер потоа покажала огледало на кое има фотографии од пријатели кои починале.
За време на снимањето на видеото таа објаснила дека живее во мал стан во Њујорк бидејќи не сака да „троши“ пари.
„Мене лично не ми се допаѓа прекумерното прикажување на богатството“, рекла таа и додала:
„Се чувствувам лошо поради луѓето кои имаат навистина големи куќи. Тоа е расипништво, особено ако се земе предвид дека во оваа земја има толку многу бездомници.“
Исто така, Џулија рекла дека има проблем со глувците во станот, но дека тие не ѝ пречат сѐ додека излегуваат и ги „чистат трошките“ кои нејзиниот двегодишен син Валентино ги фрла на подот.
Повеќето следбеници беа воодушевени од нејзината скромност.
„Тоа е станот на Валентин; Ова е нормална куќа. Навистина те сакам; Твојот стан е ист како мојот; Јулија за претседателка“, ѝнапишале обожавателите.
Некои од нив не беа задоволни од она што го видоа. Заклучија дека Канје Вест сигурно не влегол во тој стан.
„Нема шанси Канје да бил таму“, коментирал еден следбеник.