More

    Поповски смета дека Народна банка презеде добри мерки за ублажување на инфлацијат

    spot_img

    Во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, смета професорот Никола Поповски и поранешен министер за финансии. Тој очекува постепено стабилизирање на инфлацијата.

    Во интервју за МТВ нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и на домашното штедење.

    -Народните банки, централните банки, секаде во светот, како и нашата Народна банка, преземаат мерки колку е можно за да се контролира инфлацијата. Ако не за да ја намалиме, тогаш барем за да го оневозможиме натамошниот раст. Од тие причини, во неколку наврати, се зголемува базичната стапка на благајничките записи, односно референтната стапка, којашто стигна до 3 отсто. Таа сè уште не е висока – вели Поповски.

    Во однос на натамошната динамика на инфлацијата Поповски очекува од март наредната година да се намалува, односно да стагнира.

    -Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на 1 процент месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира – вели Поповски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img