Полската влада се соочува со зголемени критики поради новата одредба според која лекарот мора да ја евидентира секоја бременост во таа земја.
Пратениците од опозицијата рекоа дека тоа е „регистар на бременост“ и прекршување на правата на жените. Полска воведе речиси целосна забрана за абортус, а активистите се загрижени дека владејачката Конзервативна партија за жените се подготвува за уште поголема контрола кога станува збор за одлуките за нивните тела, пишува Euronews.
По наредба на министерот за здравство, Адам Ниеџиелски, лекарите мора да ги евидентираат сите податоци за бременоста; вклучувајќи ги сите минати или сегашни болести, посети на лекар, третмани и крвна група.
„Тие сакаат да ги прогонуваат и контролираат полските жени“
Полската влада вели дека јавното здравство ги следи препораките на Европската унија и дека на овој начин ќе им овозможи на медицинските работници да им помагаат на пациентите во Полска и во странство.
Но, опозициските пратеници велат дека регистарот би можел да биде „нова алатка за репресија“ врз жените чија цел е откривање на можни нелегални абортуси. Пристап до регистарот има и полското обвинителство. Либералната пратеничка Камила Гасиук-Пиховиц им рече на новинарите дека списокот може да ги „гони и контролира полските жени“.
Владиниот регистар исто така го осуди полскиот опозициски лидер и поранешен претседател на Советот на ЕУ, Доналд Туск. На Полјаците им треба грижа, а не контрола“, изјави вчера Туск.
Строг закон во врска со абортусот
Левичарската пратеничка Агњешка Џиемијанович-Бак рече дека „регистарот за бременост во земја со речиси целосна забрана за абортус е нешто застрашувачко“.
Новата мерка може да доведе до тоа многу полски жени да бараат приватно лекување или да патуваат во странство, дури и за пренатална нега. Според строгата законска реформа од 2020 година, полските жени можат да бараат абортус само ако постои сериозен ризик за здравјето на мајката или ако бременоста е резултат на силување или инцест.
Во последните месеци, најмалку две жени починаа во полските болници откако лекарите го одложија абортусот, дури и кога на фетусот му беше дијагностицирана сериозна болест. Властите дури се обиделе да воведат извештај за оние трудници кои биле видени како пијат или пушат, но тој бил повлечен по демонстрациите низ земјата, пренесува Индекс.