Италијанската полиција спречила хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10 мај и финалето на Евровизија во Торино на 14 мај, соопштија властите.
Полицијата денеска соопшти дека за време на операциите за гласање и настапите на натпреварувачите, полицијата ублажила неколку сајбер напади врз мрежната инфраструктура од страна на хакерската група Килнет и нејзината подружница Легија.
Украинскиот бенд „Калуш оркестар“ победи на Евросонг со песната „Стефанија.“
Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, многу западни влади го зголемија нивото на тревога во очекување на можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.