Пресврт во случајот со 16-годишното момче чие тело вчера беше извлечено од реката Пена во Тетово, во близина кај месноста Бањиче.
Според информации на Алсат, полицијата истражува дали момчето било убиено. Приведена е една девојка на 17-годишна возраст, а наводно по уште едно лице се трага.
Следниве неколку дена девојката ќе биде под психијатриски надзор за да се утврди нејзината здравствена состојба, изјавил за Алсат адвокатот на приведената.
– Се работи за малолетна девојка. Случајот е во процедура, за да бидеме коректни добро е во оваа фаза да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работата. Од вечерва, па во наредните денови, таа ќе биде под лекарски надзор за да се утврди нејзината псохофизичка сосотојба. Ова е многу трагичен настан“, изјавил синоќа адвокатот на девојката, Ибраим Бајрами.