Според неофицијални информации, црногорската полиција води преговори со Ненад Калуѓеровиќ, за кого беше објавено дека му пресудил на Вук Бориловиќ, кој вчера во Цетиње уби 1о лица и рани уште шестмина.
Црногорските медиуми објавија и дека во телото на Бориловиќ завршиле најмалку пет куршуми. Тоа се наведува во извештајот од обдукцијата.
Според „Вијести“, обдукцијата покажува дека има најмалку пет влезни рани, а балистички експерти и патолозите ќе проценат со кое оружје е пукано во Бориловиќ, а кои рани биле фатални.
„Вијести“ дознава и дека Бориловиќ имал дозвола за оружјето со кое го извршил невидениот масакр во Цетиње, бидејќи како ловец имал дозвола за оружје.