More

    Полицијата во Туркије почна да приведува лица кои се одговорни за изградба на  повеќе од 6.000 згради кои се урнаа во земјотресот кој ја погоди оваа земја

    spot_img

    Полицијата во Туркије почна да приведува лица кои се одговорни за изградба на  повеќе од 6.000 згради кои се урнаа во земјотресот кој ја погоди оваа земја. Полиција, според турските медиуми, досега проведе 12 лица.

    Турското министерство за правосудство им нареди на обвинителите во 10 турски покраини да формираат „специјални канцеларии за истрага на злосторствата поврзани со земјотресот“.

    Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, денеска издаде налози за апсење на 29 лица. Еден од уапсените денес бил изведувач на работите на зграда во Газијантеп, а полицијата го фатила во Истанбул.

    Обвинителите почнаа неколку истраги во покраините, вклучувајќи ја Караманмараш, каде се наоѓа округот Пазарџик кој беше епицентарот на земјотресот.

    Вчера турската полиција го уапси првиот човек на компанија која изградила зграда со 250 луксузни станови во покраината Хатај. Тој е уапсен на аеродромот во Истанбул, наводно додека се обидувал да избега од земјата.

    Турските правила за градење редовно се ревидирани од земјотресот во 1999.во северозападна Туркије, а последен пат се ревидирани во 2018 година. И покрај тоа, како што објавуваат медиумите, во Туркије се гради надвор од пропишаните стандарди за земјотрес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img