МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се шесте лица од објавените фотографии, кои на 05.07.2022 насилнички се однесуваа за време на ненајавениот протест, фрлајќи тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.
Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки, порачуваат од Министерството.
„Министерството за внатрешни работи уште еднаш со апел до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани“, се вели во соопштението од МВР.
Во продолжение следуваат фотографиите испратени од МВР: