Началникот на оделот за дрога при СВР Охрид ,го прекршил законот за безбедност во сообраќајот,како и кодексот на етичко однесување на припадник на МВР.
Како што дознава редакцијата Охридскај началникот во одел за дрога при СВР Охрид Е.П. при рутинска контрола од страна на старешини при ПС при СВР Охрид застанале возило Фолцваген„Буба“,кое го управувало лицето Е.П. вработен во МВР на РСМ на позиција шначалник на оделение за сузбивање на трговија со дрога при СВР Охрид.
На барање на униформираните полициски службеници да даде возачка и сообраќајна исправа ,високиот старешина при СВР Охрид , се спротиставил упатувајќи заканителни зборови кон униформираните полициски службеници. При извршена проверка за регистрираност на возило, од страна на УПС ,било утврдено дека лицето Е.П. управувал моторно возило на кое регистрацијата му била истечена повеќе од 1 месец,за што уПС веднаш ги известиле претпоставените старешини на началникот на одел за сузбивање на трговија со дрога.
Според информациите на Охридскај ,ова воопшто не е изолиран случај каде припадници на СВР Охрид управуваат нерегистрирани возила сокривајќи се зад службената легитимација.
Во денешниот билтен на анстани на СВР Охрид,нема информација за наведениот случај и ако до сега се лиферувани плејада на соопштенија за нерегистрирани возила, зошто сотавиме да одговори портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски