More

    Покачена емисијата на штетни гасови во Европа

    spot_img

    Емисиите на штетни гасови од стопанските активности во ЕУ сега се малку повисоки отколку пред пандемијата на ковид-19, објави Европскиот завод за статистика.

    Испуштените гасови од економските активности во последниот квартал од минатата година изнесуваа 1.041 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2), што е зголемување во однос на 1.005 милиони тони регистрирани истиот период во 2019 година.

    Од тоа на домаќинствата отпаѓаат 22 отсто, производството и електричната енергија учествуваат со 21 отсто, додека земјоделските активности се одговорни за 12 отсто од штетните гасови испуштени во атмосферата.

    Емисиите штетни гасови на крајот на минатата година се зголемени во сите земји на ЕУ, споредбено со истиот период во 2020 година кога започна пандемијата.

    Најголем пораст емисии на годишно ниво има Естонија од 28 отсто, пред Бугарија и Малта со пораст од 27 односно 23 отсто. Во посочените земји зголемувањето на емисиите го надминаа падот предизвикан од пандемијата. Најблаг пораст бележи Кипар со 0,3 отсто.

    Согласно Европскиот зелен договор, земјите-членки на ЕУ настојуваат до 2030 година да ја намалат нето-емисијата гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина за најмалку 55 отсто од емисијата гасови во 1990 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img