Шведскиот ланец за облека H&M објави во средата дека ќе укине 1.500 работни места за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка на потрошувачите поради кризата со трошоците за живот.
Шведската компанија вработува приближно 155.000 работници, а во септември почна да спроведува план со кој треба да заштеди две милијарди шведски круни (183 милиони евра) годишно.
Тие планираат да ги резервираат трошоците за реструктуирање од 800 милиони круни во четвртиот деловен квартал, кој завршува во ноември.
„Програмата за трошоци и ефикасност што ја започнавме вклучува преглед на нашата организација. Свесни сме дека тоа ќе влијае на нашите колеги. Ќе ги поддржиме колегите во изнаоѓањето на најдоброто можно решение за нивниот следен чекор“, изјави извршната директорка на H&M, Хелена Хелмерсон.
Резултатите од реструктуирањето треба да бидат видливи во втората половина на 2023 година, соопшти H&M.