More

    Пожарот во Тетово бил изгаснат пред да ги зафати цистерните со метан

    spot_img

    Во гасењето на пожарот што се случи во поранешниот тутунски комбинат во Тетово, сегашна фабрика за производство на минерални материи, биле ангажирани вкупно 216 лица, два хеликоптера, еден армиски и еден полициски, 22 цистерни, 21 машина, како и осум виљушкари, информираше на денешната прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Како последица на вдишување чад вчера 22 пожарникари од тетовската противпожарна бригада побарале лекарска помош, но денеска тие веќе се добро.

    – Во гаснењето на пожарот во Тетово сите заедно спречивме голема катастрофа. Можеби опремата што ја користевме е недоволна и стара, но сите заедно учествувме во гасењето на пожарот – изјави Ангелов.

    Во кругот на фабриката, на неколку стотини метри местото каде што е стопиран пожарот, имало три големи цистерни со по шест тони метан, а во самата фабрика имало садови со метилен. Според Ангелов, експлозијата што можело да се случи, можела да го загрози животот на сите лица кои биле во фабриката и учествувале во гасењето на пожарот, но и на сите граѓани кои се наоѓале во околината.

    – Од информациите што неофицијално ги имам, фабриката ги има сите потребни дозволи. Противпожарната заштита ја контролира ДЗС. Ваквиот пример покажа колку може да биде опасно, без разлика на почитување на сите стандарди, постоење на вакви големи садови – цистерни со запалива и експлозивна материја во непосредна близина на градот – потенцира директорот на ЦУК.

    Проблем ќе настане летово, смета Ангелов, доколку дојде до големи шумски пожари. Тој посочи дека другите европски држави прашањето со недостиг на кадар го решаваат со доброволни противпожарни друштва. ЦУК во соработка со надлежните институции се обидува да го развие овој концепт, бидејќи, како што рече Ангелов, нема ниту можност, ниту потреба, да плаќа пожарникари кои би имале работа само во текот на летото.

    За пожарникарите од ТППЕ Тетово, според директорот на ЦУК, потребни се нови лични заштитни опреми, а треба да се вработат уште 20 пожарникари, како и најмалку две нови навални возила, хемиско возило, автомеханики скали, најмалку 10 пумпи, хидраулична платформа, противпожарни возила за гасење шумски пожари, возила за технички интервенции, теренски возила, командни возила… И во Противпожарната бригада во Скопје се потребни поголем број пожарникари.

    Фирмата „Голекс транс“ помогнала со пет миксери и две пумпи за вода со голем домет, фирмата „Микре Бајта“ од општина Желино помогнала со една цистерна од осум тони и со пет врфаботени лица, ЈК од Тетово со цистерна со шест вработени, приватната фирма „Стримница“ со една цистерна, три тешки градежни машини и 10 лица, додека фирмата каде што и се случи пожарот ангажирала 40 вработени и осум виљушкари, а „Булат транс“ од Тетово со четири градежни машини и осум лица.

    Од другите општини ТПЕ од Куманово со две возила и шест пожарникари, дополнително и со една цистерна со две лица од ЈК претпријатие Водовод – Куманово. Бригадата за Противпожарна заштита од Скопје со три возила и девет пожарникари, од Кавадарци три возила и седум пожарникари, од ТПП – Гостивар две возила и осум пожарникари, од Кичево едно возило и тројца пожарникари.

    Употребени се и еден хеликоптер на МВР, специјализиран со опрема за гаснење пожари со ведро од околу 1000 литри вода, еден армиски хеликоптер со ведро од околу два тона. Добиена е и помош од ТАВ – Македонија со цистерна со полнење со пена. Рафинеријата – Скопје помогнала со специјализирана цистерна со пумпа со голем капацитет од осум тони за 45 секунди, ДЗП помогнала со пет вработени од Тетово и пет од Гостивар со пумпи, четири специјализирани цистерни со можност за прскање со пена за хемиско гаснење од скопската ПП Бригада наполнети со раствор за хемиско гаснење на ваков вид пожар. Помогнала и единица на Армијата со 36 војници, а 80 биле во приправност, како и тимот за атомско-биолошка-хемиска одбрана, кој извршил мерење на загаденоста на воздухот.

    Овој тим, како што нагласи Ангелов, влегол внатре во пожарот и го мерел чадот, со што е утврдено дека нема отровни гасови. Штетни гасови, има, потенцира Ангелов, но не и отровни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img