Пожар на дива депонија избувна вечерва на патот од скопската населба Шуто Оризари према Визбегово, но набрзо е изгаснат, информира за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Ѕвонко Томески.
Како што информира Томески, опожарени се бакарни кабли и поради тоа се шири таква непријатна миризба и чад.
На пожарот интевренирале две противпожарни возила со пет пожарникари, а моментно се работи на расчистување за да не се запали повторно.