Кинеската полиција уапси маж (22) кој со автомобил влета на пешачки премин во центарот на градот Гуангжу, при што уби пет, а повреди 13 лица.
На видеата се гледа како возачот излегува од автомобилот откако прегази пешак и фрла пари во воздух, што предизвика гнев во јавноста.
Медиумите објаснуваат дека во Кина законите се такви што е поевтино да убиеш некого во несреќа отколку да го повредиш. Имено, често се случува некој намерно да забрза наместо да закочи или дури да се врати назад да го прегази повторно пешакот за да се увери дека е мртов и на тој начин да плати еднократна исплата од 30.000 до 50.000 долари покрај казната затвор од неколку години.
Но, ако пешакот преживее, според кинескиот закон, возачот е должен да плати за неговата нега и рехабилитација, која може да трае до крајот на животот. Во тој случај трошоците лесно можат да надминат и милион долари, поради што не е невообичаено возачите да се вратат да потворно да минат со возилото врз жртвата.