More

    Поднесени 12 кривични пријави за учество во толпа

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата го спречила синоќешниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“, кога едно лице впери пиштол, а други фрлаа со предмети кон граѓаните што протестираа, повикувајќи да се погледнат видеата од настанот. Спасовски покажа и фотографија на која се гледа реакција на полициски службеник кон лицето со пиштол и други лица. Според него, полицијата спречила инцидент кој можел да има поголеми размери.

    – Ќе видите дека полицијата го спречила инцидентот и тоа поголем број на полициски службеници. Погледнете ги видеата коишто беа објавени од медиумите и од нас. Еве само една слика ќе ви покажам кај што полицијата интервенира на лице место. Не треба да дојде до ова секако. За да не дојде до ова секој еден граѓанин мора да знае дека мирни протести мора да бидат, рече Спасовски кој беше во посета на Идризово.

    Никому, како што кажа, не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност на ниту еден граѓанин во државата и побара никој да не оправдува вадење на огнено оружје во јавност. Апелираше на мирни протести.

    – Апсолутно можеше да дојде до многу поголеми последици. Затоа апелирам и до граѓани и до политичките субјекти и сите коишто учествуваат на протестите да бидат на мирни протести. Вандализмот и насилството нема да даде резултати во ниту еден случај и тоа за која било тема или постапка да интервенираме во јавноста, рече Спасовски.

    Министерот за внатрешни работи беше дециден дека таму имало рапсоредено довоелн број полициски службеници, како и инспектори.

    Лицето што фрли молотов коктел кон Собранието, според Спасовски, е веќе уапсено.

    – За тоа работат службите со уапсениот, се земаат изјави, се разговара и кога ќе ги имаме сите детали во однос на овој случај ќе биде соопштено – рече Спасовски.

    Според него, оперативни сознанија за можни инциденти има секаде каде што се движат или престојуваат лица што одат на протестите.

    Од министерството информираа дека во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни.

    Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка.

    Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img