More

    Подарок што командантот на полската полиција го добил при неодамнешната посета на Украина експлодирал во полициско седиште во Варшава и полесно се повредени командантот и еден државен службеник

    spot_img

    Подарок што командантот на полската полиција го добил при неодамнешната посета на Украина експлодирал во полициско седиште во Варшава и полесно се повредени командантот и еден државен службеник, соопшти денеска МВР на Полска.

    Експлозијата се случила вчераутро, соопшти Министерството.

    Командантот е задржан во болница поради набљудување, додека за другиот повреден не била потребна хоспитализација.

    Нема информации каков предмет добил полскиот командант за време на работната посета на Украина.

    Во неделата и во понеделникот командантот се сретна со лидерите на украинската полиција и со службите за итни случаи, соопшти Министерството.

    По експлозијата „полската страна побара објаснување од украинската страна”, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img