Состојки
– 2 јајца
– 2 помали јаболка
– 80 гр јогурт
– 2 лажици масло
– 1 ванилин шеќер
– 1 лажичка прашок за пециво
– 150 гр брашно
– цимет по желба
– Малку сок од лимон
– шеќер во прав за посипување
Подготовка
Јаболкото излупете го, ситно изрендајте го и додадете сок од лимон.
Изматете ги белките во цврстиот снег.
Рачно измешајте ги жолчките, јогуртот, ванилиниот шеќер и јаболкото, па додадете го брашното и циметот.
Потоа додадете ги белките и нежно измешајте. Оставете ја смесата да отстои 15 минути.
Загрејте ја тавата и ставете многу малку масло и една лажица, не повеќе, од смесата.
Пржете ги малите палачинки додека убаво не поруменат од двете страни.
Послужете ги посипани со шеќер во прав или украсете по желба.