Украинската офанзива на истокот продолжува. Најмалку едно лице загина, а друго е повредено како резултат на напад на Вооружените сили на Украина врз центарот на Херсон со американски ракети ХИМАРС, јави дописникот на РИА Новости. Најмалку пет гранати експлодирале во реонот на регионалната руска администрација која раководи со градот.
Еден од проектилите директно ја погодил зградата на Воената управа, изјави за РИА Новости Екатерина Губарева, заменик-шефица на воено-цивилната администрација. Таа појасни дека Ала Бархатнова, раководителка на одделот за труд и социјална политика е повредена, а дека нејзиниот возач починал.
Според Губарева, за време на нападот се одржал состанок во администрацијата на кој учествувале началниците на градските и општинските окрузи. Таа го нарече нападот „гнасен терористички чин“.
Сега спасувачите ги расчистуваат урнатините, а властите ги предупредија жителите за можноста од втор напад.