„Форбс“ секоја година објавува листа на 400 најбогати Американци. Угледното списание наведува и дека оваа година во САД има помалку милијардери од вообичаено поради инфлацијата предизвикана од војната во Украина.
Вкупното богатство на 10-те најбогати Американци е 1,1 трилион долари.
Едно од најголемите изненадувања годинава е тоа што основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, по 8 последователни години, веќе не е на топ-10 листата. Причината е падот на акциите на „Мета платформс“, поради што фирмата загуби 74 милијарди долари. По 5 последователни години, и Џеф Безос веќе не е на првото место, а таму сега се наоѓа Илон Маск – сега и официјално најбогатиот човек во Америка. Следува списокот 10 најбогати луѓе во САД.
– Илон Маск – 251 милијарди долари (лани: 190,5 милијарди долари). Извор: Тесла, Спејс-Икс.
– Џеф Безос – 151 милијарда долари (намалување од 201 милијарда долари). Извор: Амазон.
– Бил Гејтс – 106 милијарди долари (лани: 134 милијарди долари). Извор: Мајкрософт.
– Лери Елисон – 101 милијарда долари (лани: 117,3 милијарди долари). Извор: Оракл.
– Ворен Бафет – 97 милијарди долари (намалување од 102 милијарди долари). Извор: Беркшир Хатавеј.
– Лери Пејџ – 93 милијарди долари (лани: 123 милијарди долари). Извор: Гугл.
– Сергеј Брин – 89 милијарди долари (лани: 118,5 милијарди долари). Извор: Гугл.
– Стив Балмер – 83 милијарди долари (намалување од 96,5 милијарди долари). Извор: Мајкрософт.
– Мајкл Блумберг – 76,8 милијарди долари (наспроти 70 милијарди долари лани). Извор: Блумберг.
– Џим Волтон – 57,9 милијарди долари (намалување од 68,8 милијарди долари). Извор: Волмарт.