Повторно заплови товарниот брод кој во понеделникот се насука во Суецкиот канал во Египет , информираше фирмата за услуги на каналот Leth Agencies. Според компанијата соопшти Управата за Суецки Канал (SCA) го спасила бродот „MV Glory“ кој заглави од засега непознати причина во близина на градот Ел Кантара во покраината Исмаилија, пишува ДојчеВеле.
Се вели дека треба да се очекуваат само мали доцнења со другиот сообраќај.
Официјалните лица немаат детали за тоа што го натерало бродот долг 225 метри да се насука. Бродот носеше 65.000 тони пченка од Украина со крајна дестинација Кина. На него се вееше знамето на Маршалските острови.