Според последните информации, најмалку 600 лица загинаа во Турција и Сирија по силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што синоќа го погоди регионот.
Најмалку 386 лица загинаа во Сирија, од кои 239 главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, јави сириската државна телевизија.
Белите шлемови, официјално познати како Сириска цивилна одбрана, исто така објавија најмалку 147 смртни случаи во областите под контрола на опозицијата во северозападна Сирија.
Стотици луѓе беа повредени по земјотресот, вклучително и 648 во Алепо, Хама, Латакија и Тартус, а пријавени се уште 340 повредени во областите под контрола на опозицијата.
Во Турција, најмалку 284 лица загинаа, а повеќе од 2.323 се повредени, изјави претходно турскиот потпретседател Фуат Октај.