More

    Повеќе делови од северна Грција беа зафатени од силно невреме со обилни врнежи од дожд што предизвика поплави

    spot_img

    Повеќе делови од северна Грција доцна синоќа и во текот на ноќта беа зафатени од силно невреме со обилни врнежи од дожд што предизвика поплави, а преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за избегнување на непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина.

    Силниот дожд создаде сериозни проблеми во Солун каде што се поплавија улици, но и продавници. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека до рано утрово добиле 560 повици за помош, од кои 540 биле од Солун.

    Преку бројот 112 за итни случаи синоќа, до сите што се наоѓаат во Солун, Лариса, Халкидики и областите Пиерија, Иматиа и Магнисија беше испратено предупредување за опасни временски појави во следните 24 часа и побарано да се избегнуваат непотребни движења.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img