По две години пауза поради пандемијата, денеска во тетовско Теарце се одржа единаесеттото издание на манифестацијата „Денот на гравот” која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разлноликост на подрачјето.
Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.
– Секоја година расте бројот на посетитители, годинава бележи некаде околу 600 гости. Основата на настанот и иста, сакаме гравот да го промовираме на повисокото ниво и на тој начин да им помогнеме на земјоделците, медарите, на училиштата кои одлучиле да посветат дел од работата на оваа култура. Одбележувањето на овој ден е значајно во нашиот обид да ја негуваме традицијата на одгледување на гравот – изјави Метин Муареми од ЦЕД.
Сите посетители имаа можност да пробаат од гравот кој го подготви готвачот Мирко Ѓорѓески.