More

    По непријатното прашање за шамарот на Вил Смит

    spot_img

    Актерот и режисер Мел Гибсон (66) ненадејно го прекина интервјуто за „Фокс њуз“. Новинарот Џеси Вотерс го праша за конфликтот меѓу Вил Смит и Крис Рок на Оскарите.

    – Вие ова можеби го разбирате подобро од другите, со оглед на тоа каков вид е вашата кариера. Што ќе се случеше ако вие станевте и го удревте Рок, дали ситуацијата ќе беше иста? Дали некогаш сте размислувале за тоа? – прашал Вотерс.

    Актерот и режисер незгодно се насмеал на поставеното прашање и дал знак дека не сака да одговори на прашањето, по што се вклучила и неговата ПР-менаџерка која порачала дека времето предвидено за интервјуто истекло.

    Во интервјуто, Гибсон зборувал за неговиот нов филм „Father Stu“ кој треба да се појави на 13 април. На почетокот новинарот рекол дека го гледал филмот и дека го расплакал. Разговарале за филмот, а во текот на интервјуто и заедно се насмеале.

    Инаку, Мел е познат по проблематичното однесување пред и зад камерата. Актерот беше уапсен во 2006 година под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба во Малибу и давал антисемитски коментари на полицајки. Тој подоцна се извини за тоа и рече дека овие коментари се дадени во момент на лудило.

    Да додадеме дека Гибсон беше номиниран за најдобар режисер за „Hacksaw Ridge“ во 2017 година со Ендрју Гарфилд во главната улога, а неколку години пред тоа беше на црната листа на Холивуд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img