Станбена зграда во рускиот град Јејск се запали по авионска несреќа во понеделникот вечерта. Руското Министерство за одбрана потврди дека станува збор за воен повеќенаменски борбен авион Су-34. Војската додаде дека авионот се урнал одејќи на вежба, веднаш откако полетал од локалниот аеродром, пишува РТ.
Пилотите на авионот се катапултирале на безбедно. Според нивниот извештај, еден од моторите на авионот се запалил веднаш по полетувањето, соопшти Министерството.
На видеото од местото на настанот објавено од медиумот „Маш“ се гледа повеќекатната станбена зграда зафатена во пламен со облаци густ црн чад што се издигнуваат кон небото.