Фудбалерот Жерар Пике повеќепати реагираше на објавувањето на новата песна на неговата поранешна партнерка Шакира „BZRP Music Sessions #53“, во која таа проговори за неговото изневерување.
„Не знам што ти се случи, но замени ферари за твинго, замени ролекс за касио“, е само дел од текстот.
Пике прво пристигнал на работа возејќи твинго, а потоа се пофалил со спонзорски договор со касио. Изгледа дека на фудбалерот му пречело објавувањето на шпанскиот новинар Жорди Мартин, кој открил некои детали од неговиот живот и отворено ја поддржал Шакира.
„Мојот најдобар пријател ме гледа“, напишал Хорди на Твитер и споделил „приказни“ на Инстаграм каде ги споделува своите написи за Пике и Шакира, на кои може да се види дека фудбалерот му ги прегледал објавите.
Пике не бил поштеден ниту од другите корисници на Твитер.
„Остави ја дрогата. Кокаинот е многу зафркнат“, му порачал во коментар поранешниот играч на Барселона. Новинарот веднаш му одговорил, но набрзо му го избришал коментарот.
„Јас не те означив и ти реагираш. Цело време ги гледаш моите приказни, те мрази половина свет. Можеби има нешто што те мачи и не сакаш тоа да излезе на виделина? Дали и твојата нова девојка ќе добие рогови (што имплицира неверство)?“, пишувало во избришаниот коментар, пренесува „Индекс.хр“.
Набрзо во дискусијата се вклучиле и други корисници на Твитер.
Да потсетиме, новата песна на Шакира, во која таа зборува за изневерувањето на Пике за само два дена собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб во тој период. Пике го исмејуваше нејзиниот нов хит, а неодамна ја објави и првата фотографија со новата девојка Клара Чиа Марти со која наводно ја изневерувал Шакира.
ФОТО: Твитер/Инстаграм