Фудбалерот Жерар Пике беше виден во друштво на својата 23-годишна девојка Клара Чиа Марти, која го тешеше на трибините на Камп Ноу по последниот натпревар кој го одигра во дресот на Барселона.
Шпанската спортска телевизија „Гол плеј“ го сними интимниот момент и на Твитер со видеото напиша: „Првиот бакнеж со Жерар Пике по неговиот емотивен проштален говор од фудбалот. Дефанзивецот го сподели овој посебен ден со своите најблиски“.
Коментаторот на натпреварот рече дека снимателот му пришол на парот и дека тие сфатиле дека нивната романтична сцена се снима, но и покрај тоа продолжиле да се гушкаат.
Жерар, кој објави дека се разделува со Шакира во јуни поради гласини за изневерување, наводно ја запознал Клара додека таа работела на настани во неговата продукциска куќа „Космос“.
Не е познато дали нивната романса започнала пред или по раскинувањето со пејачката Шакира, но според приказната на папарацото Жорди Мартин за шпанскиот „Маг“, фудбалерот максимално се труди да ја налути Шакира, па намерно се појавува со својата нова девојка на места каде што би можел да се сретне со пејачката, а посетуваат и места каде што знае дека некој може да ги види и да ѝ јави на Шакира.