More

    Петр Чех најави заминување од Челзи

    spot_img

    Откако англискиот прволигаш Челзи го напуштија претседателот Питер Бак, а на крајот од летниот преоден рок ќе си замине и директорката Марина Гранавскаја, повлекување од должноста технички советник најави и поранешниот голман на клубот од Лондон, Петр Чех.

    Поранешниот чувар на мрежата на чешката репрезентација и на францускиот прволигаш Рен, освои вкупно 13 трофеи со Челзи пред да стане дел од клупското раководство во 2019 година.

    – Беше привилегија да му служам три години на Челзи, кратко објави Чех.

    Челзи е во процес на промена на сопствеништвото, откако американски конзорциум минатиот месец го купи клубот од рускиот милијардер Роман Абрамович, а лондонскиот премиерлигаш засега не донесе ниту едно засилување за новата сезона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img