Бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, објави бугарската агенција БГНЕС. Според медиумот, ова се гледа од нацрт-предлогот, кој самиот Петков ќе го поднесе на првата можна седница на Советот на министри.
– Проектот насловен „Да се подобри одговорноста и координацијата со Националното собрание во врска со проширувањето на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација на РСМ и Република Албанија и позициите на Република Бугарија, врз основа на член 105 став 4 од Уставот, Министерскиот совет одлучи:
„Секоја одлука на француското претседателство со ЕУ, земја членка или Европската комисија во врска со одобрувањето на почетокот на преговорите за членство во ЕУ на PCM и Албанија, донесена во подготовка или одржување на состаноци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) или до Советот за општи работи, кој отстапува од Рамковниот став на Советот на министри од 2019 година веднаш да биде испратен до Комисијата за надворешна политика на Националното собрание“, пишува БГНЕС за текстот, којшто треба да биде одобрен од бугарската влада.
Во проектот, поднесен од самиот Кирил Петков, вицепремиерот Асен Василев и генералниот секретар на Советот на министри Красимир Бојанов, експлицитно се нагласува дека позициите на Република Бугарија, како и одлуките за следење, треба да бидат испратени само до Комитетот за надворешна политика.
– Со овој предлог, во пракса, уште еднаш станува јасно дека постои француски предлог, кој се крие од бугарското општество. Последните разговори меѓу францускиот претседател и Румен Радев беа на крајот на минатата недела и бугарските граѓани првпат дознаа за него од кабинетот на Макрон. Срамен податок е одлуката на Кирил Петков да го изолира Советодавниот совет за национална безбедност, но и сите политички сили во земјава, кои имаат апсолутно единствен став за условите за почеток на преговорите за РСМ за ЕУ. Претседател на Комисијата за надворешна политика е Венцислава Љубенова, која важи за блиска до премиерот – додава БГНЕС.